Тридневна жалост во Тетово по пожарот во модуларната болница каде загинаа 14 лица

Од:

Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост, по стрaвотниот пожар кој вчеравечер избувна во модуларната болница, а животите ги загубија 14 пациенти.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изрази сочувство до семејствата на настраданите.

„Изгубивме браќа и сестри. Изразувам сочувство до сите граѓани на Тетово. Од состанокот кој вчера беше одржан, беше договорено сите информации кои ќе бидат пласирани во јавноста ќе бидат точни и проверени. Во постојан контакт сум со сите институции и во секој момент кога ќе добијам официјални информации ќе ги споделам со вас“, рече Арифи.

Таа изјави дека преживеаните 12 пациенти се во стабилна состојба и се сместени во тетовската болница. Воедно, таа ги повика надлежните истражни органи што побрзо да ги расветлат причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Трето рочиште за завршни зборови во судскиот процес за модуларната болница во Тетово

Катерина Ѓуровски

Електричната инсталација во модуларната во Тетово не била по прописите, ја инсталирале двајца вработени во болницата сведочеше вештак

Ана Ололовска

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

Се бара слобода за докторот обвинет за пожарот во модуларната болница, рочиштето одново се одложи

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Прво судење за изгорената болница: Едниот директор не дојде на судење, другиот не чувствува вина

Кристијан Ландов

Ексдиректорот на тетовската болница еден од обвинетите за пожарот: Апсолутно не гледам вина кај мене

Кристијан Ландов