Мицкоски во Битола, Села не ја славеше независноста-бирале кандидати за градоначалници

Од:

На собирот кој се одржа под мотото „30 години се грижиме за Македонија“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги најави целите на партијата за наредниот период, затоа што како што рече власта немала дефинирани цели.

Лидерот на опозиционата ВМРО–ДПМНЕ пред битолчани истакна дека урива ѕидови што делат, и ќе гради мостови што поврзуваат.

-Нашата цел за наредните 30 години мора да биде уривање на последните стереотипи и поделби, клевети и обвинувања. Јас ќе уривам ѕидови кои делат, а ќе градам мостови што ќе обединуваат. Мора да градиме мостови и меѓусебе да се разликуваме според идеите и во натпреварот кој повеќе ќе направи за нашата Македонија. Мора да се намалат класните разлики преку жестока битка на стандардите, а целта мора да биде не само едноцифрена невработеност, туку и борба за повисоки плати. Ќе бидеме вистински дел од Европа само ако имаме европски плати и приходи за нашето население. На човек може да му ја одземат слободата, може да го ограничат, да го понижат, но неможат да му го одземат сонот, затоа што сонот е идеја, а идејата е вечна. Ќе направам се мојот сон да стане јаве, нагласи Мицкоски на централната празнична прослава организирана по повод Денот на независноста 8-ми Септември.


Коалициските партнери од Алијанса за Албанците и Алтернатива не беа присутни на прославата за Денот на независноста која ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во Битола.

Oд Алијанса за Албанците велат дека денеска на Денот на независноста биле фокусирани на партиските работи.

-Ние денеска од 13 часот, па се до сега имавме Централно собрание и бевме целосно фокусирани на тоа. Затоа не немаше на прославите за празникот“, изјави лидерот на Алијнса за Албанците, Зијадин Села за А1он.

Тој вели денеска ги избрале сите кандидати за претстојните локални избори, за кои јавноста ќе слушнела набрзо.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика