Во Битолско пронајдени рачна бомба и стара артилериска граната

Од:

Во Битолско пронајдени се една рачна бомба од периодот од двете светски војни и стара артилериска граната во плац за мермер, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Како што велат од МВР, вчера во 09:50 часот во СВР Битола, Љ.С. пријавил дека пронашол една рачна бомба од периодот од двете светски војни во река над с.Ниже Поле,битолско. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал бомбата.

– На 07.09.2021 во 11:16 часот во СВР Битола, Ц.М. пријавил дека во плац за мермер во Битола пронашол стара артилериска граната со кал.75 мм од првата светска војна. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал гранатата, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани