Раководните луѓе на трките од шампионатот во Формула 1, како и дел од челниците на тимовите размислуваат да воведат задолжително носење кацига за камерманите крај патеката како мерка за нивна зголемена безбедност.
Овој потег на челниците на Ф1 е последица на инцидентот на трката за Големата награда на Германија кога по промена на гума на болидот на Марк Вебер, се откачи едното тркало и го погоди во глава камерманот Пол Ален кој заврши во болница.
– Инцидентот на „Нирбургринг“ не потсети колку е опасна работата на камерманите и механичарите во боксовите. Механичарите мораат да носат заштитна опрема, а во иднина тоа ќе треба да го прават и камерманите, ијави Кристијан Хорнер, шеф во „Ред Бул“.
Со него се сложува и Рос Брон од „Мерцедес“.
– Нашите механичари имаа среќа, бидејќи навреме го видоа тркалото, но камерманот не го забележа. Тоа можеше да заврши трагично. Затоа сите мораат да носат кациги, рече Брон.
Шампионатот во Ф1 продолжува на 28 јули во Унгарија каде е можно да се примени новата мерка за заштита на камерманите.