А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕК: Очекуваме од сите да учествуваат конструктивно во пописот

by А1он06/09/2021 - 19:4306/09/2021 - 19:43254
Share0

Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, вели дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.

-Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани, изјави Писонеро.

Таа истакна дека Европската Унија очекува од властите во Северна Македонија пописот да се одвива согласно стандардите и регулативите на ЕУ, како дел од пристапниот процес за ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин, рече Писонеро.

Населението во Северна Македонија не е попишано речиси дваесет години.

euevropska komisijapopis

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ13/11/2026 - 19:1213/11/2026 - 20:34

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он09/11/2026 - 17:3009/11/2026 - 16:55

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он06/11/2026 - 20:24

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он06/11/2026 - 17:2706/11/2026 - 17:28

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Горан Наумовски06/11/2026 - 08:57

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Горан Наумовски05/11/2026 - 22:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео