ВИДЕО: Шестмина палестински милитанти избегаа од еден од најстрогите затвори во Израел

Од:

Шестмина палестински милитанти денеска избегаа од израелски затвор со високо ниво на заштита. Израелската полиција и војската започнаа потрага по бегството кое се случи од затворот Гилбоа во северен Израел.

Петмина од бегалците припаѓаат на движењето Исламски џихад, а меѓу нив е и поранешниот командант на вооружена група која е поврзана со водечката партија Фатах, соопшти затворската служба.

Објектот оддалечен на околу 4 километри од границата со окупираниот Западен Брег, е еден од најстрогите затвори во Израел и во него се сместени Палестинци осудени или осомничени за антиизраелски активности, вклучително и за смртоносни напади.

Четворица од бегалците издржувале доживотна казна затвор. Неколку палестински фракции го поздравија бегството од затвор.

Канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека разговарал со министерот за внатрешна безбедност и нагласи дека ова е „тежок инцидент кој бара сеопфатен напор од безбедносните сили“ за да се најдат бегалците.

Би можело да ве интересира

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци