Челзи сериозно се вклучува во трката по Руни

Од:

Со понуда од 70 милиони евра за пет сезони, тимот на Челзи влегува во трката по играчот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни.

Со евентуално прифаќање на понудата од Челзи, Руни би останал најскапо платен играч во Премеир лигата со годишна плата од 14 милиони евра.

Пред неколку дена менаџерот Мојс изјави дека Руни не е на продажба и дека останува на „Олд Трафорд“ и покрај желбата на англискиот репрезентативец да го напушти клубот.

Покрај Челзи во летниов преоден рок интерес за Руни покажуваа и Баерн Минхен, Арсенал, Барселона, ПСЖ…

Медиумите во Англија информираат дека последната понуда од Челзи и Мурињо, ги ставила на мислење челниците на Манчестер со оглед на фактот дека според договорот Руни има само уште една сезона обврски кон клубот, а потоа ќе биде слободен играч и ќе може да си замине без оштета.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска