Туристите, кои ја посетуваат американската Долина на смртта во иднина би требало да се воздржат од пржење јајца на патот, порачува тамошниот тим за одржување на редот и мирот.
Имено посетителите на најтоплото место во САД, каде температурите достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, сакаат да се сликаат покрај јајца испржени на жешкиот асфалт и со тоа зад себе оставаат неверојатен неред.
Властите во апелот упатен преку нивниот Фејсбук профил им советуваат на туристите за експериментот да користат тава.
– Екипата за одржување на Долината на смртта мора да ги чисти јајцата директно од асфалтот, вклучувајќи ги и фрлените амбалажи и лушпите, се наведува во апелот.