„Небесни разговори“ на Братислав Ташковски добитник на наградата „Антево перо“

Од:

Братислав Ташковски со книгата „Небесни разговори“ е добитник на наградата „Антево перо“ за оваа година. Наградата „Антев златник“ ќе се додели на Елизабета Баковска за збирката поезија „Сите болки станаа мои“ и на Димитар Аранаудов за книгата „Ѕвезден часовник“, додека пак подибитникот на „Антев часовник“ е Марија Филипова за книгата „Твоите далги на брегот на Стикс“.

Оваа одлука ја донесе жирито во состав на проф. д-р Венко Андоновски – претседател и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски – членови, по разгледување на поетските книги кои беа претходно селектирани како кандидати за годинешнава награда „Антево перо“, а тоа се „Ѕвезден часовник“ на Димитар Арнаудов, „Небесни разговори“ на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои“ на Елизабета Баковска, „Опит“ на Сузана Мицева, „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ, и „Светец“ на Ирена Павлова де Одорико.

Како што соопштија од тимот на „Антево перо“, оваа награда се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Во образложението се наведува дека Братислав Ташковски е веќе четири децении препознатлива константа на македонското поетско писмо; освен што е етаблиран поет со свој впечатлив поетски портрет, тој е и еминентен прозаист и драматург, чија литература се оствари и преку филмска форма.

Во соопштението се посочува дека пресудна за добивањето на наградата „Антево перо“ беше естетската вредност на неговата стихозбирка Небесни разговори.

-Тоа е поезија сега обземена од вишата смисла на постоењето, од мистеријата на езотеричното зад материјалното; поезија, која и до сега го познаваше модернистички-постмодерниот поетски идиом, и која и до сега се занимаваше со опсесивниот мотивски триаголник: поезија – жена – татковина, но овојпат, тој триаголник станува длабоко метафизички, духовен и религиозен во смисла на поетското писмо: тоа е една длабока религија на поетското, вера во поезијата и на нејзината (единствена?) можност да биде – небесен, а не само земен дискурс, се подвлекува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонка Божиновска лауреат на „Антево слово“ за 2023/2024 година

Катерина Ѓуровски

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска