Вишото обвинителство Скопје побара да се одбијат жалбите од обвинетите во „Транспортер“

Од:

Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од обвинетите во предметот „Транспортер“, а делумно да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција​.

-По донесување на Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот во јавноста познат како „Транспортер“, поднесени се жалби од обвинетите и нивните бранители по сите жалбени основи. Тие бараат првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати на повторно разгледување и одлучување. Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје по извршениот увид во списите на предметот и сеопфатна анализа на доказите, до Апелациониот суд Скопје достави предлог во однос на поднесените жалби, се наведува во денешното соопштение од ЈОРСМ.

Имено, како што се додава во соопштението, Вишото јавно обвинителство Скопје смета дека при донесување на пресудата, Основниот кривичен суд Скопје правилно ги утврдил околностите по однос на времето, местото и начинот на извршувањето на кривичните дела, меѓусебната комуникација на обвинетите, нивните врски, како и начинот на преземање на инкриминираните дејствија. Оттука, Вишото јавно обвинителство Скопје цени дека Судот правилно ги одмерил досудените казни ефективен затвор на обвинетите лица.

Во соопштението се наведува дека истовремено Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Жалба на донесената пресуда за обвинетите, барајќи од надлежниот суд на лицата на кои им е изречена ефективна казна затвор да им изрече повисоки казни, а на оние обвинети на кои со пресудата им се изречени алтернативни мерки, односно условни осуди, надлежниот суд да им изрече соодветни затворски казни. Воедно, обвинителството со Жалбата му предлага на судот наместо конфискувана имотна корист во износ од 695.611,оо денари од едно од правните лица, да се конфискува имотна корист во износ од 857.637,00 денари.

-Вишото јавно обвинителство Скопје по целосно разгледување на предметот му предложи на Судот делумно да ја уважи Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Повисокото обвинителство ја прифати жалбата во делот на обвинети кои се осудени како соизвршители, со оглед на тоа што без нивните дејствија не би можело да се исполнат обележјата на кривичното дело што им се става на товар на обвинетите , ниту пак превозниците би прибавиле противправна имотна корист. Жалбата е прифатена и во делот на изречената казна под законскиот минимум за дел од превозниците. Исто така Вишото јавно обвинителство Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во делот на конфискуваната имотна корист, сметајќи дека во пресудата износот на конфискуваната имотна корист треба да биде 857.637,00 денари, се посочува во соопштението.

Вишото јавно обвинителство Скопје не ги прифати поднесените жалбени наводи на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои се однесуваа на барање за зголемување на висината на изречените казни ефективен затвор на останатите обвинети.

Би можело да ве интересира

Врховен суд: Пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена

Горан Наумовски

Талески останува во затвор – Врховен пресече, пресудата е законска

А1он

Коалиција за правично судење за „Транспортер”: Како Апелација изрече условни казни за дело каде минимум казна е пет години?

Катерина Ѓуровски

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов

„Транспортер“: Од фирмите треба да се вратат над 34 милиони, ако немаат ќе се конфискува имот од осудените

Кристијан Ландов

Владимир Талески осуден на 8 години затвор во „Траспортер“

Кристијан Ландов