Заев: Да се кажува С. Македонија е понижување за државата и непочитување на Уставот

Од:

Премиерот Зоран Заев апелира да се користи уставното има на државата, Република Северна Македонија, по се почестата употреба на кратенката Република С. Македонија која во последно време се користи и од политичари. Тој денес, на промовирањето на првата дуална паралелка – фармацевтски техничар, одговарајќи на новинарско прашање рече дека ваквата употреба на името е противуставна.

„Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и Преспанскиот договор кој прерасна во Закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Устав. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините процеси и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и во ЕУ“, рече премиерот Заев.

За него односот кон уставното име на државата за секој поединец кажува каков е тој всушност.

„Граѓаните тоа го ценат, граѓаните знаат дека сите треба принципиелно, уставно и законски да се однесуваме и останува на сите поединечно, пред се на политички субјекти, кои се лош пример за ова, да го променат тоа во иднина. Тоа е нашата реалност, тоа е тоа беше едно бреме кое 27/8 години надвиснуваше, над нашата земја, ги кочеше идните перспективи на сите наши граѓани“, рече премиерот Заев.

Посебно нагласи дека почитување на Уставот и законите е обврска на политичките субјекти кои обврските од Уставот и законите треба да ги следат како пример за сите останати граѓани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски