Талибанците сега поседуваат 48 борбени хеликоптери и авиони по повлекувањето на американските војници од Авганистан, објави Дејли Мејл, повикувајќи се на сопствена истрага.
Кон крајот на јуни авганистанските воздухопловни сили броеле 167 единици воена опрема. Станува збор за 108 хеликоптери и 59 авиони. Меѓутоа, пред талибанците да го заземат Кабул, 46 воени летала, вклучувајќи 24 хеликоптери, успеаја да слетаат во Узбекистан. Според американската војска, пред нивниот последен лет од Авганистан, тие оштетиле 73 авиони. Со оглед на овие бројки, 48 авиони и хеликоптери се уште се во рацете на Талибанците, но засега не е познато во каква техничка состојба се тие.
Талибанците сега поседуваат борбени авиони кои го надминуваат бројот на воздушните сили на најмалку 10 земји на НАТО, меѓу кои и Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Словенија, Исланд, Луксембург, Летонија, Литванија и Естонија.
Талибанците веќе се обиделе да користат хеликоптер за борбени операции во авганистанската провинција. За борбените авиони се бараат обучени специјалисти, пилоти и технички персонал.
Талибанците регрутираат пилоти од владините воздухопловни сили. Меѓутоа, повеќето авиони и хеликоптери за кои станува збор се од 80-те и им треба постојано одржување и делови. Покрај тоа, забележува весникот, новите авганистански власти најверојатно нема да можат да користат ракети и друго оружје.