Британец им остави наследство на вработените во oмилениот турски хотел

Од:

Британец им остави значителен дел од своето наследство на вработените во хотел во турското одморалиште Кушадаси, каде што вообичаено го минувал летниот одмор, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Имено, Чарли Џорџ Кортни престојувал во популарното летувалиште на Егејското Море од 1990 година, и во хотелот бил вкупно 52 пати. Човекот починал пред седум години, непосредно по последниот одмор. Неколку дена пред да почине, тој се погрижил за тестаментот, според којшто дел од наследството оди кај вработените во хотелот.

Некои членови на семејството ја оспорија неговата последна желба, а други ја поддржаа. На крајот, неговиот внук, кон крајот на август оваа година, пристигна во Турција да ја изврши волјата на неговиот покоен чичко.

Службениците се трогнати од потегот на Британецот, познат меѓу нив и како „нашиот Чарли“. Собата бр. 401, каде што тој секогаш престојувал, e наречена „Соба на Чарли“, од страна на управата на хотелот.

Еден од вработените во хотелот вели дека ќе го искористи својот дел за образованието на своите деца.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска