ВИДЕО: Премиерот Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум посветен на иднината на Европа

Од:

Претседател на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“.

Премиерот Заев во Блед, како што соопшти владината прес-служба, беше пречекан од претседателот на Владата на Република Словенија Јанез Јанша, по што заедно се упатија на првиот лидерски панел на кој свое обраќање имаше претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев со свој активен придонес ќе учество на попладневниот лидерски панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на кое воведно обраќање ќе има претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

На овој панел учествуваат и комесарот за соседство и проширување на Европската унија Оливер Вархеји, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит, како и премиерите на Словенија, Јанез Јанша, на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на Косово, Албин Курти, на Полска Матеуш Моравјецки, на Албанија, Еди Рама, претседавачот и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, како и претседателите на Молдавија Маја Санду и на Бугарија, Румен Радев.

На годинешниот Бледски стратешки форум во Словенија, во останатите панели ќе учествуваат и многу други шефови на држави и влади од регионот и пошироко од Европа, официјални највисоки претставници на институциите на ЕУ, како и на повеќе меѓународни и тинк-тенк организации.

Во рамките на својата програма за време на форумот, премиерот Заев ќе има и неколку билатерални средби со дел од учесниците на Бледскиот стратешки форум.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски