Премиерлигашките екипи летово потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери

Од:

Англиските фудбалски клубови потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок, што е за 11 отсто помалку во споредба со минатото лето кога премиерлигашите издвоија 200 милиони фунти повеќе.

Според податоците на ревизорската куќа „Дилојт“, тоа е најниска колективна потрошувачка од страна на екипите од Премиер лигата од 2015 година, а, воедно, регистриран е последователен пад за прв пат од глобалната финансиска криза меѓу 2008 и 2010 година, објави британскиот сервис Би-Би-Си.

Од вкупната сума, премиерлигашите во последниот ден од преодниот рок потрошиле 150 милиони фунти.

Германската Бундеслига е единствена европска лига од „големата петорка“, која ја зголемила потрошувачката ова лето.

По Премиер лигата, најмногу пари во летниот преоден рок потрошиле италијанските прволигаши – 475 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска