По неуспешните обиде да биде ангажиран Едисон Кавани, премиерлигашот Челзи и неговиот менаџер Жозе Мурињо подготвија понуда за играчот на Астон Вила Кристиан Бентеке.
Белгискиот репрезентативец е напаѓач за кој Мурињо вели дека без проблем би се вклопил во стилот што ќе го негува Челзи.
Минатата сезона 22-годишниот постигна 19 голови за лигашот од Бирмингем, и беше еден од најзаслужните што Астон Вила успеа да го зачува премиерлигашкиот статус.
Бентеке во Англија дојде од Генк, а во белгиското првенство има настапувано и за Мехелен, Кортријк и Стандард Лиеж.