Новинарите предупредуваат дека е можно затворање на СТА

Од:

Новинарите на Словенечката новинска агенција (СТА) денеска предупредија дека можно е Агенцијата да престане со работа, бидејќи Владата, незадоолна од уредувачката политика, повеќе од 200 дена не плаќа за добиените услуги.

Во апелот до домашните политичари и европските институции, новинарите наведуваат дека Агенцијата има пари да исплати само една плата.

– Уште на почетокот на октомври, може да се најдеме во состојба на неликвидност, се истакнува во изјавата испратена до Парламентот, Владата и претседателот, барајќи од нив „конечно да направат нешто“.

За состојбата во Агенцијата информирани и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лејен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Раководството на СТА и новинарите со месеци беа во спор со владата на премиерот Јанез Јанша, која одбива да им исплати два милиони евра или половина од годишниот буџет за јавниот информативен сервис. Другата половина од средствата Агенцијата ги остварува на пазарот.

Во согласност со законите СТА, Владата до почетокот на годдината исплаќаше пари на редовни месечни рати.

Јанша постојано ја обвинува СТА за наводно ширење лажни вести и ја нарекува нивната работа „срамна“ и бара промена на раководството.

СТА неодамна го отфрли владиниот предлог за нов договор, кој предвидуваше поголема контрола врз работата на Агенцијата, формирана од државата во 1991 година.

Новинарските здруженија и опозицијата уште од почетокот на мандатот на Јанша, во март 2020 година, го критикуваат премиерот за притисок врз СТА и врз националната телевизија.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски