Бремена жена од Авганистан итно префрлена на Гинеколошката клиника во Скопје

Од:

Првата група од 149 граѓани од Авганистан преку Грузија пристигна на скопскиот аеродром, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој посочи дека првата жена што се симна од авионот била во 39-тата недела од бременоста и со возило на Итна медицинска помош е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје.

Раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало истакна дека според информациите, меѓу патниците имало уште четири трудници.

–Солидарноста која што ја најавувавме веќе неколку дена денеска ја демонстрираме на дело и им овозможуваме топло добредојде на оние што им е најпотребна. Бројката за која што ние имаме дадено согласност досега и за кое што има барање е околу 750 граѓани пред се жени и деца на вработени во овие меѓународни организации, изјави министерот Османи.

Би можело да ве интересира

Велика Британија преселува илјадници Авганистанци на своја територија

Иран депортира над 300.000 авганистански мигранти под сомнение дека се израелски шпиони

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска

39 граѓани на Авганистан од Македонија заминаа за Канада

Ана Ололовска