Што и кој договарал во 2008, пред Самитот во Букурешт, околу името? Ова прашање се отвори деновиве по преписките на релација Шеќеринска-ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ќе тужи поради нејзиното тврдење дека во 2008 година, премиерот Никола Груевски се согласил со промена на името за да бидеме примени во НАТО.
Пред Самитот, Милошоски во Клубот на пратениците ги брифираше новинарите дека е усогласено на Самитот да се оди со името Република Македонија (Скопје).
Шеќеринска во одговорот до ВМРО-ДПМНЕ посочи дека го има писмото кое Антонио Милошоски го испрати до ООН на 16 февруари 2011 година.
Писмото на Милошоски претставува одговор на писмото на министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, во кое на страница 2 стои: „Во текот на овие преговори, Република Македонија прифати извесен број на предлози ставени (предложени) од господинот Нимиц како основа за решение, вклучувајќи го и предлогот од март 2008 година Република Македонија (Скопје), кој Република Грција за жал го отфрли“.
Целото писмо можете да го прочитате ОВДЕ