Шеќеринска: Тужете ме, го имам писмото на Милошоски

Од:

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска се огласи преку социјалните мрежи, продолжувајќи го препукувањето со ВМРО-ДПМНЕ и нивните закани дека ќе добие тужба, исто како и Тито Петковски, кој од говорница на Собрание изјави дека во 2008 година Груевски се согласил за промена на името пред Самитот во Букурешт.

На нејзините профили на Твитер и ФБ, Шеќеринска напиша:

tuzeteradmila

„Ајде, тужете господа од власта! Ама јас го имам писмото од Милошоски, а вие немате одговор! Затоа и #Ж (Груевски ) молчеше на пратенички прашања“, напиша Шеќеринска на Твитер.

„ДПМНЕ ми се заканува со тужба дека ја кажав вистината и ги потсетив дека Груевски прифатил промена на уставното име во “Република Македонија (Скопје)” и дека тоа стои во писмото кое Милошоски го прати до ООН. Повелете, господа од власта! Едвај чекам да ве слушам како официјалните дописи од МНР не се доволен доказ“, се вели во статусот на Шеќеринска на ФБ.

Коментарите се по интервјуто на Шеќеринска за Радио Слободна Европа и по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ сака да го смени името, на што Шеќеринска одговори дека Груевски се согласил со промена на името.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски