Бруто домашниот производ (БДП) на Албанија оваа година се очекува да се зголеми за 1,8 отсто, според извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.
Во документот Светската банка ја истакнува важноста на структурните реформи и намалувањето на долгот на Албанија.
Двете финансиски институции и препорачуваат на новата Влада да се придржува кон фискалните норми и да соработува за зачувување на финансиската стабилност во Албанија.
Се смета дека јавниот долг на Албанија е повисок, отколку во други земји од регионот, како Хрватска, Србија и Македонија. Според податоци на Министерството за финансии, јавниот долг на Албанија е околу 6,2 милијарди евра и составува 62,4 отсто од БДП на земјата.