Девет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо“ 2021

Од:

Пристигнати се 69 авторски ракописи на овогодинешниот Конкурс за наградата „Антево перо“, која се доделува како исклучително поетско признание за необјавена стихозбирка на македонски јазик и се организира во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Жири комисијата во состав: проф. д-р Венко Андоновски, (претседател) д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), изрази задоволство и благодарност за нагласената заинтересираност од авторите, кои и оваа година испратија квалитетни и одлични збирки поезија со оценка дека се пристигнати мноштво свежи и успешни поетски остварувања кои со својата тематска и естетска вредност нудат уникатност во поетскиот израз и особена иновативност во поетската експресивност.

Покрај авторите од земјава, за меѓународниот карактер на конкурсот и на целата манифестација, годинава се погрижија и поети од Австралија, Шведска, Турција и Италија, испраќајќи свои стихозбирки, согласно конкурсните пропозииции – на македонски јазик.

-По темелно, разгледување, анализа и дискусија за секое од пристигнатите авторски дела, жири комисијата на својот прв состанок, издвои девет поетски книги, кои се во поширок избор за наградата и тоа: „Ѕвезден часовник“ на Димитар Арнаудов, „Хаику дневник“ на Васко Марковски, „Небесни разговори“ на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои“ на Елизабета Баковска, „Опит“, Сузана Мицева, „Чудна пролет ќе ти раскажам“ на Емељ Туна, „Божицата што ја фати провев“ на Анета Велкоска, „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ, и „Светец“ на Ирена Павлова Де Одорико. Редоследот на номинираните нема вредносно значење, наведуваат организаторите на манифестацијата.

Жири комисијата и оваа година, се посочува, со особено задоволство го нотираше и интересот кај младите автори за учество на конкурсот што го распишува Меѓународната поетско-културна Манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

-Од овие причини во поширока конкуренција за наградата „Антев часовник“, која е востановена со цел афирмација на македонскиот јазик меѓу млади творци со евидентна книжевно-поетска дарба, стручната комисија издвои пет книги поезија и тоа: „Круг на права линија“ на Софија Тодороска, „Сонот на лавовските срца“ на Матеа Талеска, „Молитвени дискурси“ на Андреј Медиќ Лазаревски, „Твоите далги на брегот на Стикс“ на Марија Филипова и „Мечти“ на Мартина Даниловска. И во овој случај, редоследот на номинираните нема вредносно значење, наведуваат од меѓународната манифестација и најавуваат стеснување на изборот за наградите на следната средба на комисијата.

Би можело да ве интересира

Македонка Божиновска лауреат на „Антево слово“ за 2023/2024 година

Катерина Ѓуровски

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска