Република Северна Македонија е лидер во регионот по бројот на граѓани кои се вакцинирани со барем една доза од вакцината во изминатиот месец и половина. Според последните податоци, во периодот од 5-ти јули до 24-ти август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението велат од Министерството за здравство.
– Во истиот период, веднаш по Северна Македонија се наоѓаат Косово, со 10,64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Црна Гора со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто. Најмал напредок во регионот забележан од 5-ти до 24-ти август има во Србија, односно 2,49 отсто, и Бугарија со само 1,66 отсто зголемен процент на вакцинација. Зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири, се вели во соопштението од МЗ.