Претседателот Иванов се сретна со холандски парламентарци

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид, прими делегација од Комисијата за европски прашања на парламентот на Кралството Холандија.

Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со холандските парламентарци, информираат од неговиот Кабинет, беше европската интеграција на Република Македонија и на земјите од Балканот

Македонскиот претседател порача дека Република Македонија ќе продолжи со спроведувањето на неопходните реформи и подготвено ќе ја дочека одлуката за старт на пристапните преговори со ЕУ, кога таа ќе биде донесена.

Во таа смисла, претседателот Иванов го повтори ставот дека Република Македонија останува целосно подготвена да ги почне пристапните преговори со Европската унија, како што е случај од 2009 година наваму.

Во однос на наметнатиот спор за името, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија останува целосно посветена во процесот на преговори под покровителство на Организацијата на Обединетите нации за да се дојде до заемно прифатливо решение.

Македонскиот претседател на средбата со холандските пратеници посочи дека парламентарната димензија на соработка е од исклучително значање и придонесува за продлабочување на односите меѓу Република Македонија и Кралството Холандија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on