Болниците во Кабул преполни со повредени

Од:

Лекари и медицински сестри во Кабул работеа цела ноќ за да им помогнат на повредените луѓе во вчерашните терористички напади во близина на аеродромот. Во нападите загинаа најмалку 90, а беа повредени околу 150 лица.

Според Би Би Си, болниците во Кабул се под голем притисок поради намалениот број на персонал откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Хируршкиот центар во Кабул, управуван од меѓународната хуманитарна организација „Имрџанси“, соопшти дека примил 60 повредени за помалку од два часа, а кај 16 од нив била констатирана смрт веднаш при пристигнувањето.

Претседателката на „Имрџанси“, Росела Микио, која не се наоѓа во Авганистан, изјави дека персоналот кој ги завршил своите смени продолжил прекувремено да работи за да им помогне на повредените.

– Три операциони сали во болницата работеа цела ноќ. Последниот пациент беше опериран во четири часот утрово, истакна Микио за Би Би Си.

Таа додаде дека некои пациенти останале на одделенија за интензивна нега, нагласувајќи дека „ситуацијата е се уште многу критична“.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан