Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.625 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.883 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини, а ревакцинирани се 516.797 граѓани, информира Министерство за здравство.
Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти Министерство за здравство.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, се вели во соопштението на Министерство за здравство.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, порачуваат од Министерство за здравство.