Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на почетокот на септември ќе настапи на меѓународен турнир во Словенија, на кој покрај домаќинот ќе настапат и Саудиска Арабија и Словачка.
Прв противник на „црвено – жолтите“ ќе биде Словенија на 2 септември во Крањска Гора, а два дена подоцна избраниците на селекторот Дашмир Беари ќе биде Саудиска Арабија.
Настапот на турнирот во Крањска Гора, македонските фудбалски јуниори ќе го заокружат на 7 септември против Словачка.
Селекторот Беари за претстојниот меѓународен турнир се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани:
Гоце Јовчев – ФК Вардар
Кире Новаков – ФК Триглав
Стефан Митрев – ФК Беласица
Одбрана:
Кристијан Тасевски – ФК Аугсбург
Грегори Дафков – ФК Вардар
Андреј Стојчевски – ФК АК. Пандев
Давид Бошески – ФК Кит-Го
Лупчо Кудев – ФК Брегалница
Самет Реџепи – ФК Шкупи
Филип Ѓорѓевски – ФК Вардар
Среден Ред:
Октај Ракипи – ФК Шкендија
Џемијл Јахи – ФК Воска
Ване Крстевски – ФК АК. Пандев
Зуфер Шаини – ФК Бринје
Александар Коцев – ФК Беласица
Христијан Георѓевски – ФК М. Т. К
Алтин Весели – ФК Ренова
Мартин Талаков – ФК Подбрезова
Амар Емурли – ФК Ренова
НАПАД:
Бехар Фета – ФК Воска
Дашмир Елези – ФК Шкендија
Филип Трпчевски – ФК Хацкен
Алдин Демири – ФК Алуминј
Емир Саитоски – ФК Домжале
Собирот на младата македонска репрезентација е закажан за 30 август во Скопје.