Одделот за наследство на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, од денеска до 5 септември, ја организира културната манифестација „Светлото на Гонџе“.
На скопскиот плоштад (пред спомен -плочата на темелите на куќата на Мајка Тереза), денеска на 111 -годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, ќе се одржи свечена Академија, на која ќе се промовира елаборатот на албански, македонски и англиски јазик „Нашата светица под заштита на државата“.