ПСЖ нема да го спречи Мбапе во намерата да замине во Реал

Од:

Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо соопшти дека клубот нема да му застане на патот на Килијан Мбапе кој изрази желба да замине во Реал. Единствен услов е шпанскиот клуб да ја плати сумата за предвремен раскин на договорот.

– Килијан Мбапе сака да замине во Реал Мадрид, и ние нема да го држиме. Ја одбивме првата понуда на Реал Мадрид, но доколку се исполнат нашите услови, ќе се реализира трансферот. Не планираме повторно да разговараме со Реал за овој случај. Преодниот рок се затвора на 31 август на полноќ. Но, ние нема да го пуштиме да оди за помалку пари отколку што му плативме на Монако за него. Никогаш не планиравме да го продадеме. Никогаш. Но, ако играчот сака да замине, тогаш може под наши услови, истакна Леонардо.

Претходно, француските медиуми објавија дека ПСЖ одби да го продаде Мбапе на Реал за 160 милиони евра.

Оваа сезона, 22-годишниот играч одигра три натпревари за ПСЖ и постигна еден гол и две асистенции.

Би можело да ве интересира

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Предраг Петровиќ

Санирана е повредата на Мбапе, нема потреба од итна операција

Горан Наумовски

Мбапе и официјално потпиша за Реал Мадрид, познато е и кој број ќе го носи

Предраг Петровиќ