Николовски: Се финализира драфт верзијата на предлог Законот за потекло на имот

Од:

Вицепремиерот задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, присуствуваше на работилницата на експертската работна група, којашто го подготвува предлог Законот за потекло на имот, формирана од кабинетот на вицепремиерот Николовски и Советот на Европа. Подготовката на драфт везријата на предлог Законот е во финална фаза. Предлог законското решение предвидува одредби кои овозможуваат проверка на потеклото на имот доколку постои сомнеж за начинот на кој е стекнат.

„Институциите ќе бидат алармирани во случај да се појави разлика поголема од предвидениот праг меѓу оданочениот приход и имотот, при што потеклото на имотот ќе биде испитано по службена должност. А освен тоа, институциите ќе можат да постапуваат и по поднесени пријави и претставки за сомнеж за нелегално стекнат имот. Се што ќе се утврди дека е нелегално стекнато, ќе биде конфискувано, и како што предвидуваат законите – компензирано на државата за направената штета“, посочи вицперемиерот Николовски на средбата којашто ја оствари со работната група.

На одредбите од новиот предлог Закон за потекло на имот, подлежат не само носителите на јавни функции, туку сите граѓани. Конкретно, секој ќе треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни одданочени приходи. Ако лицето не го докаже потеклото на имотот, истиот со одлука на судот, ќе се конфискува.

„Со овој нов Закон што за прв пат се носи во нашата држава, се надминуваат досегашните системски пречки за проверка на имотот и на лицата кои повеќе не се фунцкионери. Одредбите од новиот закон предвидуваат уште една крупна антикорупциска мерка, а тоа е увид во имотната состојба на поранешните функционери. За разлика од сегашната обврска избраните и именуваните лица да поднесуваат анкетен лист за имотната состојба додека трае нивниот мандат, ваквата обврска сега добива поширок опфат во смисла на времетраењето на увидот во имотната состојба. Една од новините во драфт законската верзија е што испитување ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица.

Предлог-текстот е креиран од работна група која ја сочинуваат претставници на Советот на Европа, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, претставници на сите институции вклучени во борбата против корупцијата и правни експерти. Од предлог-законското решение произлегуваат одговорности и ингеренции за Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Законот има за цел да ги ефектуира владините заложби за сузбивање на корупцијата и да го заштити јавниот буџет од било какви корозивни влијанија, какво што е и незаконското богатење“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупција и криминал, обновлив развој и човечки ресурси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ