Реми на првиот контролен натпревар за македонските фудбалски кадети во Турција

Од:

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра нерешено без голови на првиот од двата пријателски натпревари на гостински терен против Турција.

На теренот на ТФФ тренинг центарот во Истанбул, средбата започна со отворена игра на двете страни, а Турција ја имаше најголемата шанса кога во 11. минута домаќините не успеаја да реализираат удар од белата точка. Во 21. минута, Алији се најде во одлична можност да ја донесе македонската репрезентација во предност, но голманот на Турција успеа да одбрани.

Во второто полувреме во изедначена игра, со можности на двете страни, резултатот остана непроменет. За одбележување е шансата на Папазов во последната минута, кога излезе сам пред голманот но неговиот удар заврши покрај стативата.

-Пред сè сум задоволен од прикажаната игра, борбеноста, посветеноста и желбата за добар резултат. Задоволен сум од играчите кои добија можност за настап. Покрај тоа што сме сè уште во подготвителен период, нашите репрезентативци покажаа одлична физичка форма, но постои и голем простор за напредок во наредните натпревари, изјави по натпреварот селекторот на македонската репрезентација Неџат Шабани.

Вториот контролен натпревар, меѓу двете репрезентации е на програмата утре со почеток од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска