Српскиот хидрометеоролошки завод објави предупредување за силно невреме проследено со гротевици кое ќе ги погоди југозападните делови од земјата.
Во некои делови на Србија, грмотевиците веќе започнаа.
Во Гуча веќе има невреме проследено со грмотевици. Во Смедеревска паланка, исто така има обилни врнежи.
Српските хидрометеоролози најавуваат посвежи температури во следните денови и променливо облачно време. Не ја исклучуваат можноста за ново невреме.
Дожд се очекува и во среда, во поголемиот дел на Србија, додека во четврток ќе има суво време, за потоа во петок, сабота и недела повторно да се создадат услови за врнежи.