Канатларовски: Со максимално залагање до позитивен резултат против Франција и Србија

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 госина, Драган Канатларовски ги кажа своите очекувања за претстојните два квалификациски натпревара, со Франција и против Србија.

– Нѐ очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Србија, репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери. Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреварите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари, изјави Канатларовски.

Натпреварот со Франција ќе се игра во Ле Ман на 2 септември, додека со Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини извори“.

Европското првенство 2023 година ќе се игра во Романија и Грузија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска