Герасимовски за кривичната: Секој може да поднесе пријава, не сакам да коментирам дали ќе влијае на кандидатурата

Од:

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски, кој истовремено е и еден од кандидатите во СДСМ за градоначалник на Општина Центар, смета дека секому му е дозволено да поднесе кривична пријава, откако во петокот Зоран Лазаревски, сопственикот на „Зола компани“ извести дека ја комплетира кривичната пријава против Герасимовски. Лазаревски бара Герасимовски да одговара за злоупотреба на службена должност оти ја избришал трговската марка „Беби биф“ за младо јунешко месо, без да чека правосилна одлука на Управниот суд каде што Лазаревски го обжалил решението за бришење на марката што го добил од Државниот завод за индустриска сопственост.

„Сметам дека секој има право да поднесува кривична пријава, меѓутоа таа треба да биде аргументирана. Што се однесува до тоа дали може да наштети на мојата евентуална кандидатура, не би сакал да коментирам“, изјави директорот Герасимовски за „А1он“.

Тој тврди дека во случајот со бришењето на трговската марка „Беби биф“ не постои злоупотреба на службена должност. Уверува дека постапувал согласно судски одлуки и објаснува дека трговката марка не е избришана туку е во статус на поништување.

„Решението не е правосилно и не е избришано од Регистарот на трговските марки, туку е во статус поништување како што е предвидено согласно Законот“, вели директорот Герасимовски.

На прашањето зошто не почекал правосилна пресуда од Управниот суд по жалбата од Лазаревски, кој вели дека постапил согласно правната поука во решението кое го добил за поништување на трговската марка, директорот Герасимовски нема одговор, но тврди дека сите постапки што ги преземал се законски.

Сопственикот Лазаревски, пак, во петокот предупреди дека бришењето на трговската марка нанело штета на „Зола компани“, а од тука и на државата и нагласи дека свесно ја подготвил кривичната пријава во период кој се совпаѓа со партискиот избор на кандидати за градоначалници во СДСМ, листа на која се наоѓа и директорот Герасимовски.

„Да ви кажам искрено, ако тој не го штитеше интересот на националната трговска марка и интересот на Државниот завод за индустриска сопственост, како ќе го штити интересот на граѓаните во Општина Центар?! Донесува брзи одлуки, одлуки за штитење на големи компании, нека му штети, тоа е негов проблем“, рече сопственикот Лазаревски.

Освен против Герасимовски, Лазаревски вели дека со неговиот тим адвокати подготвува пријава и против сите институции кои помогнале во донесувањето на одуката за ништовност на неговата трговска марка вклучувајќи ги тука Стопанската комора, Ветеринарниот факултет и Академијата за судии. Лазаревски обвини дека одлуките што ги носеле се во корист на маркетите „Тинекс“ и „Веро“ со кои има судски спор оти и по раскинување на договорите со него продолжиле да продаваат месо преставувајќи го како „Беби биф“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2