Авганистан нема да има претседател, талибанците ќе формираат совет од 12 члена

Од:

Раководството на радикалното талибанско движење планира да формира совет за управување со Авганистан, во кој ќе бидат вклучени 12 лица, вклучувајќи и некои членови од претходната влада на земјата.

Според списанието „Форин полиси“, тројцата највлијателни членови на овој совет ќе бидат водачот на талибанското политичко крило, Абдул Гани Барадар, шефот на воената комисија на движењето, Мулави Јакуб, кој е син на основалот на движењето мула Омал, како и теренскиот командант и лидер на диверзантската група „Мрежата Хакани“, Сираџудин Хакани.

Според изворот на списанието, талибанците немаат намера да ја вратат функцијата претседател или само еден лидер во Авганистан. Тие планираат во идниот кабинет да им понудат некои министерските места на членови на претходната влада, но по нивни избор. На овој начин талибанците сакаат да создадат влада што ќе изгледа што е можно поинклузивно, со цел да си ги зголемат шансите за признавање од меѓународната заедница.

Според извори блиски до Барадар и Јакуб, талибанците сакаат и Ахмад Масуд, синот на истакнатиот муџахедиснки командант Ахмад Шах Масуд (1953-2001), наречен „Лавор од Панџшир“, кој беше водач на „Северната алијанса“, да се приклучи во управувачкиот совет. Списанието забележува дека таквата можност е малку веројатна, бидејќи Масуд во моментов го предводи отпорот против талибанците во провинцијата Панџшир.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан