САД: Границите со Канада и Мексико остануваат затворени

Од:

Копнената граница за туризам со Канада и Мексико останува затворена до 21 септември, соопшти американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС).

Канада во јули соопшти дека ќе ги отвори своите граници за целосно вакцинирани американски туристи од 9 август, откако многу компании се пожалија.

– Во координација со експерти за јавно здравје и медицина, ДХС продолжува тесна соработка со своите партнери низ САД и работи на меѓународен план за безбедно да се овозможат нормални патувања, објави ДХС на својот налог на Твитер.

САД постојано ги продолжуваат вонредните ограничувања за Канада и Мексико на месечно ниво од март 2020 година, кога беа воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Белата куќа во јуни започна меѓуагенциски работни групи со Европската унија, Велика Британија, Канада и Мексико за да го разгледаат планот за укинување на ограничувањата за патување.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина