Ричард Гренел, поранешен пратеник на екс претседателот на САД, Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ја поддржа позицијата на претседателот на Србија на Твитер.
. @Twitter hypocrisy on full display – and world leaders have had enough. @avucic
Twitter is losing influence. https://t.co/2XWzcmJz9k
— Richard Grenell (@RichardGrenell) August 19, 2021
„Лицемерието на Твитер во полн сјај“ – и на светските лидери им e доста. Твитер го губи влијанието“, напиша Ричард Гренел и го означи српскиот претседател Александар Вучиќ.
Во четвртокот, по повод одлуката на Твитер да означи одредени српски медиуми како оние што соработуваат со Владата, Вучиќ рече дека едвај чека да му го исклучат неговиот профил и тој да биде уште еден Трамп во светот.
„Едвај чекам да ми го исклучат профилот, да бидам уште еден Трамп во светот, за да се покаже колку е добро талибанските портпароли да имаат слободен пристап до таа слободарска мрежа, која некои би ја нарекле послушна мрежа. Ваш послушник не можам да бидам“, рече Вучиќ.