Еден од демонстрантите на протестот против новите мерки пред Владата ја објасни својата теорија за исчезнатите деца ширум светот.
„Нашите најмали дечиња се загрозени, осум милиони деца секоја година се крадат од цела планета. Знаете кои се вмешани? Еве ги позади. Србија има договор направено, илјада деца годишно. Социјалните служби соработуваат за оваа работа. Во Германија и земјите горе не смеете на детето шамар да му удрите, ви го одземаат. Зошто? За да го дадат на некој кој платил многу.
Утре детето ќе ти го украдат, нема да знаеш што се случува. Оди кажи им го ова на луѓе на кои им ги украдоа децата. Многу луѓе не знаат што се случува. Јас дојдов, собрав храброст, треба раката да ми ја бациш тука бе. Оваа држава ќе застане на нозе, треба да ги чувате вашите јунаци и херои, некои како мене кој се дрзна да ви зборува вистина“, рече демонстрантот кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач.
Тој во својот говор кажа дека располага со многу повеќе информации кои според него не се добри да излезат во јавност.