(ВИДЕО) Тепачка на протестот против ковид-мерките: Мавни се курво една

Од:

Демонстрантите се раскараа меѓу себе, а говорниците се степаа на бината, на протестот против новите анти-ковид мерки кој се одржа пред Владата.

Кога една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач, тој агресивно ја истурка од бината, велејќи и „тргни се ма ајде“, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови.

Веднаш потоа друга демонстрантка се обиде да му го истргне стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера.

Кога втората говорничка која се претстави како уметник, го започна својот говор, неколкумина од демонстрантите не престанаа да и дофрлаат „е*и си мајката курво една“, „кажи кој те плаќа“, „остави го листот, па кажи што имаш“.

Првиот говорник кој се претстави како разузнавач, кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.

„Ќе им порачам на овие позади и сите тие во Собрание, 120 човека наспроти два милиона, играте мајтап со народот, ковид вирус. Како што гледам во државава и нигде во светот не најдовме ковид вирус, само во медиумите го има. Медиуми, ако не го пренесете во целост мојот говор, нашето будење ќе се зголеми“, рече говорникот.

Според него, државното раководство зема мито за да ги лаже граѓаните дека постои коронавирусот, а всушност не постоел никаде во светот.

На протестот говор одржаа уште двајца демонстранти, кои зборуваа за разединетоста на народот и светски заговори за кои докази биле одредени документарни филмови на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинација

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on