Околу 85 милиони кибер напади во изминатите шест месеци се регистрирани во африканските земји – Кенија, Етиопија, Јужна Африка и Нигерија.
Според истражувањето на меѓународната компанија за кибер безбедност „Касперски“, хакерските напади се зголемиле за време на пандемијата на коронавирусот.
Околу 85 милиони кибер напади се извршени во овие четири земји во изминатите шест месеци, повеќето од нив во Јужноафриканската Република.
Во ЈАР се регистрирани 32 милиони кибер напади, 28 милиони во Кенија, 17 милиони во Нигерија и осум милиони во Етиопија.
Хакерските напади се извршени преку различни уреди.