Американските разузнавачи предупредувале дека талибанците брзо ќе го заземат Авганистан

Од:

Доверливи податоци на американските разузнавачки агенции во текот на летото укажуваа дека талибанците многу брзо ќе го освојат Кабул и оти може да се распадне авганистанската армија, иако претседателот Џо Бајден и неговите советници тврдеа дека е малку веројатно тоа да се случи во краток рок, објави Њујорк тајмс.

Бајден на 8 јули изјави дека „тешко ќе падне“ авганистанската влада и оти нема да биде хаотична евакуацијата на Американците.

Според Њујорк тајмс, клучните американски одлуки се донесени многу пред јули, кога постоеше консензус помеѓу американските агенции дека авганистанската влада може да издржи една или две години, како и дека ќе се бори авганистанската армија.

Кога Стејт департментот нареди повлекување на дел од персоналот од Aмбасадата во Кабул на 27 април, разузнавачките агенции проценија дека талибанската офанзива може да трае најмалку 18 месеци.

Со месеци разузнавачките служби ги споредуваа авганистанските сили со јужно виетнамската армија и крајот на Виетнамската војна. На армијата на Јужна Виетнам и беа потребни две години да падне, откако САД ги повлекоа војниците и финансиската поддршка. Овој пат, оптимистите веруваа дека авганистанската војска, со американско финансирање, ќе трае приближно исто, додека песимистите сметаат дека периодот ќе биде значително пократок.

Според аналитичарите, талибанците победија со стратегија што се покажа успешна за време на децениската војна во Авганистан, тие беа поодлучни од нивните противници.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан