МИОА со национален систем за квалитет и ефикасност на услугите на државната администрација

Од:

Во тек е проект насочен кон зголемување на квалитетот и ефикасноста на услугите на државната администрација, информира Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

– Квалитетот на услугите што ги обезбедува државната администрација е многу важен. Наша цел е да го зголемиме квалитетот и ефикасноста на услугите преку проектот кој се состои од три системи: Национален Систем „Редослед на клиенти“-Земи Бројче, Национален Систем „Оцени ја Администрацијата“-Семафор, Национален Систем „Резервирај Термин за услуга – “Мој ред“, појаснуваат од Министерството.

Оттаму велат дека се подготвени да го понудат овој систем на секоја институција во земјата, без никаков надомест, со единствена цел квалитетот и ефикасноста на услугите што ги обезбедува државната администрација да бидат на потребното нивo.

Национален Систем „Редослед на клиенти-Земи Бројче“ е систем воспоставен во само ЕТУ центрите. Претставува централизиран веб базиран систем кој има за функција да воспоставува ред за чекање при остварување на услуга. Овој систем му овозможува на секој граѓанин да ја земе бараната услуга во вистинското време.

·Национален Систем „Оцени ја Администрацијата – „Семафор, овозможува преку скенирање на QR код кој е содржан на тикетот за реден број граѓаните по завршувањето на услугата, граѓаните да го оценат шалтерскиот службеник, квалитетот на услугата и квалитетот на институцијата.

Национален Систем „Резервирај Термин за услуга – „Мој ред“ е систем кој овозможува на граѓаните да закажат термини за остварување на услуга, на одреден датум на нашите центри „Една точка за услуги”, нагласувајќи го времето и видот на услугата што ќе ја бара. Како резултат на тоа, се избегнува можноста да се чека на ред.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он