Тренерот на Аталанта, Гасперини реагираше на обвинувањата од страна на Гомез

Од:

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, реагираше на изјавите на поранешниот напаѓач на клубот од Бергамо, Алехандро Гомез, кој го обвини фудбалскиот стручак дека сакал да употреби физичка сила против него.

– Однесувањето на Гомез, неговиот став на и надвор од теренот стана неприфатливо за мене како тренер и за соиграчите. Физичката агресија беше негова карактеристика, не моја. Вистинската причина поради која го напушти тимот е непочитување на сопствениците на клубот, изјави Гасперини, за „Ла Газета дело Спорт“.

Претходно беше објавено дека Гомез и Гасперини имале конфликт за време на натпреварот од Лигата на шампионите Аталанта – Митјиланд (1:1), што се одржа на 1 декември 2020 година. Како резултат на инцидентот, напаѓачот беше суспендиран од тренинзи со главниот тим, а потоа го напушти италијанскиот клуб. На 26 јануари 2021 година, играчот се пресели во Севиља.

Гомез игра за Аталанта од 2014 година. Напаѓачот одигра над 200 натпревари за клубот и постигна 50 голови.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Кремонезе не дозволи Аталанта да се одвои на врвот на Серија А

Тухел: Против Аталанта ќе биде многу тешко да се одбрани голот

Жарко Настоски

Нејмар вреди колку целиот тим на Аталанта, противникот на ПСЖ во Лигата на шампионитe

Жарко Настоски