Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

Од:

В.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Сретен Стојковски денеска на прес-конференција соопшти дека изминатите десет дена, откако е назначен на функцијата, добил сознанија за слабости и неправилности во работењето на институцијата.

Утврдено е, информира Стојковски, и дека Инспекторатот бил вклучен во издавањето А-интегрирана дозвола за одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“.

-По претставки на граѓаните за можно одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“ разгледана е документацијата за добивање А-интегрирана дозвола. Притоа е утврдено дека во процедурите за издавање на дозволата учествувал и Инспекторатот за животна средина. Ќе пристапиме кон вонреден инспекциски надзор над ЈП „Дрисла“ за инсталацијата за третман и складирање на 36 шифри опасен отпад. Потоа ќе покренеме постапка за ревизија на издадената дозвола, напомена в.д. директорот.

Тој најави дека ќе продолжат инспекциите на инсталациите со А-интегрирани дозволи, а значајна активност на Инспекторатот ќе биде и контролата на активностите за расчистување на малата депонија со линдан во „Охис“, почнувајќи од 15 септември 2021.

-За овие десет дена, откако сум в.д. директор, имам сознанија за слабости во менаџирањето, непродуктивно работење, несоодветно трошење на над три милиони денари буџетски средства без извештаи за сработеното, немање евиденција за присуство на работа и други трошења кои ги надминуваат моите ингеренции. Поради тоа, целокупната документација ќе им биде дадена на надлежните институции – Антикорупциската комисија и Финансиската полиција, рече Стојковски.

Сите инспектори, подвлече, и по завршувањето на работното време остануваат во пасивно дежурство поради што граѓаните можат да сметаат на нив во секое време.

Изминатите десет дена откако Стојковски е в.д. директор, извршени се шест вонредни инспекциски надзори по пријава на граѓани и по допрен глас од медиуми или портали.

Стојковски на прес-конфернцијата рече и дека наредната година ќе побара зголемувње на бројот водостопански инспектори поради секојдневните проблеми со загадуавањето на водните реусрси. Ќе се предвидат и средства за набавка на опрема за индикативни мерења кои ќе ги корситат инспекторите пред да ги ангажираат акредитираните лаборатории.

Пред Стојковски, директор на Инспекторатот беше Ана Петровска. Таа беше разрешена на 4 август годинава, а за в.д. директор беше именувана во октомври лани.

Би можело да ве интересира

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска

Петровска: Зголемен обемот на надзори, поведени 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции

Катерина Ѓуровски

Изречена казна од 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар кај Градско

Ана Ололовска

ДИЖС: Извршен надзор над депонијата во Росоман, изречени казни

Ана Ололовска