Анкета на ИПИС: Расте рејтингот на претседателот Иванов

Од:

Позитивното мислење на граѓаните за работата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов континуирано се зголемува, додека бројот на граѓаните со негативно мислење бележи тренд на опаѓање. Ова го тврди  Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), на Владимир Божиновски.

Резултатие од телефонската анкета која е  спроведена  помеѓу 14 и 17 јуни јуни 2013 година на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници, е објавена на МИА, додека на страната на ИПИС ја нема. Таму е само  истражувањето на јавното мислење за претседателот  од октомври, 2012 година. Во најновата анкета нема податок кој е нарачател на истата, како што за анкетата од 2012 година пишува дека нарачател е кабинетот на Претседателот на РМ.

Според најновото истражување на ИПИС, на прашањето – „Какво е вашето мислење за претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов“,  59,1 отсто се изјасниле позитивно, 23,8 имале негативно мислење, додека 17,1 проценти не знаеле да одговорат или немале одговор. Според агнецијата ИПИС, тоа е  пораст на позитивното мислење од речиси 5 отсто во споредба со март 2012, 10 отсто во споредба со мај 2011, односно 14 отто повисок во споредба со 2010 година.

Како споредба се дава 2010 година, кога 44 отсто од анкетираните граѓани имале негативно мислење за шефот на државата, во 2013 бројката е речиси двојно помала, односно 23,8 проценти од испитаниците се изјасниле негативно во однос на нивното мислење за претседателот Иванов, што е за околу 7 отсто помалку во споредба со март 2012, кога истата изнесуваше 30,6 отсто.

 

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on