Ако поранешниот припадник на ЦИА Едвард Сноуден добие азил во Венецуела, „тоа ќе бдие најдоброто решение“, наведува на Твитер Алексеј Пушков, претседател на надворешно политичка комисија во Државната дума.
– Азил за Сноуден во Венецуела ќе биде најдоброто решение. Таа држава е во остар конфликт со САД. Полошо нема да биде, објаснува рускиот пратеник.
– Тој едноставно не може да живее на Шереметјево, додава Пушков.
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро понуди азил на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, во момент кога Вашингтон бара негово апсење заради откривање детали за тајна американска програма за шпионирање.
– Во име на достоинството на Јужна Америка, одлучив на Едвард Сноуден да му понудам хуманитарен азил, изјави Мадуро синоќа за време на воена парада по повод Денот на независноста на Венецуела.
Сноуден најверојатно е се уште во транзитното одделение на московскиот аеродром Шереметјево од каде досега побара азил во повеќе од 20 држави меѓу кои и Венецуела.