Авганистан по 20 години повторно под власт на талибанците

Од:

Централната Влада во Кабул вчера мирно им ја предаде власта на претставниците на талибанците, со што заврши дваесетгодишното владеење на авганистанската влада поддржана од САД. Талибанците влегоа во претседателската палата во главнот град. Една група од нив објави на социјални мрежи фотографии од внатрешноста на палатата и наведоа дека имаат контрола врз 11 од 15 реони во градот.

Големата офанзива врз Кабул започна во петокот кога талибанските сили беа веќе 40 километри од предградијата на главниот град на Авганистан. Во текот на ноќта од сабота, 14 август до недела, 15 август, талибанците влегоа во предградија на Кабул и ги блокираа сите излези од градот.

По повеќечасовните разговори меѓу претставниците на талибанците и претседателот Ашраф Гани во претседателската палата во Авганистан, талибанците објавија дека ја преземаат власта и дека претседател на Авганистан ќе биде водачот на талибанската организација Мула Абдул Гани Барадар. Гани веќе го напушти Авганистан и се упати во Таџикистан, но според британски медиуми се очекува денеска да потпише предавање на власта.

Висок претставник на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека талибанците пристигнуваат „од сите страни“ во главниот град.

Аеродромот во Кабул е нападнат и се слушаа истрели. Амбасадата на САД издаде предупредување до своите граѓани „да најдат засолниште и да чекаат“.

„Ситуацијата во Кабул брзо се менува, како и ситуацијата на аеродромот“, објавија тие.

Болницата во Кабул соопшти дека најмалку 40 лица се повредени во борбите во предградија на Кабул.

Претставник на талибанците нагласи дека ќе објават создавање Исламски Емират на Авганистан, јавија американски медиуми. Тоа беше името на државата под талибанска власт од 1996 до 2001 година

Поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата, јави телевизијата Ал Арабија.

Според дипломатски извори, поранешниот министер за внатрешни работи е „избран за премиер на преодната влада“ и презел функција на шеф на преоданата админстрација“.

УНХЦР на 14 август објави дека жените сочинуваат околу 80 отсто од вкупниот број авганистански бегалци. Меѓу мај и јули регистрирани се речиси 250.000 бегалци.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон инвестирал милијарди долари во авганистанските владини сили за време на четири американски администрации, давајќи им предност пред талибанците, но тие не успеаја да го спречат нивниот воен напредок.

„Факт е дека сме сведоци дека авганистанските сили не беа во можност да ја бранат земјата“, рече Блинкен. „И тоа се случи побрзо отколку што очекувавме.

Блинкен отфрли каква било споредба помеѓу моменталната ситуација во Кабул и падот на Сајгон во Виетнам во 1975 година, истакнувајќи дека САД „ги постигнаа воените цели“ во Авганистан.

Британскиот премиер Борис Џoнсон изјави дека негов „приоритет“ е евакуацијата на британските граѓани од Авганистан и ги повика западните земји да усвојат унифициран пристап пред каква било акција.

Џонсон вчера одржа состанок на таканаречениот министерски тим Кобра, втор за три дена на тема настани во Авганистан. Тој рече дека приоритет на Велика Британија е да ги исполни своите обврски кон британските граѓани и оние кои придонесоа за британските напори во Авганистан во текот на изминатите 20 години. Тој рече дека владата има средства да ги евакуира своите граѓани во следните неколку дена.

„Амбасадорот беше таму на аеродромот за да ги обработи апликациите“, рече Џонсон.

„Ситуацијата останува многу тешка и јасно е дека ќе има нова влада во Кабул многу скоро“.

Тој додаде дека Велика Британија ќе работи со своите партнери во Советот за безбедност на ОН и рече дека не сака некој еднострано да ги признае талибанците.

„Сакаме заедничка позиција да направиме се што е во наша моќ за да избегнеме повторно да го направиме Авганистан плодна почва за тероризам“.

Американската разузнавачка проценка од претходнaта седмица беше дека Кабул може да биде заземен за 30 дена и може да падне во рацете на талибанците во рок од 90 денови.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан