ВИДЕО: Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул, евакуација на дипломатите, населението во паника

Од:

Талибанците почнаа да влегуваат во Кабул од сите страни, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи. Од Кабинетот на претседателот сепак тврди дека ситуацијата е под контрола, дека имало повремено пукање, но Кабул не е нападнат се вели во објавата на Твитер.

Талибанците кои се навлезени во предградијата на главниот авганистански град соопштија дека нема насилно да ја преземат контролата и дека во тек се преговори за предавање на градот.

Раководството на Талибанците им нареди на борците да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат безбедна евакуација на оние што сакаат да го напуштат главниот град и да ги принудат жените да се засолнат во заштитените подрачја.

Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул. Се евакуираат дипломатите и на НАТО и на европските земји.

Во меѓувреме и огромен број Авганистанци и странски државјани панчно бегаат од земјата обидувајќи се да се спасат преку последните преостанати комерцијални летови од земјата. Огромни гужви има пред банките и пред центрите за издавање визи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња