Талибанците го отфрлија предлогот на авганистанските власти за заедничко владеење

Од:

Радикалното талибанско движење нема да се согласи со предлогот на авганистанската Влада за поделба на власта во замена за прекин на непријателствата, објави „Тајмс“, повикувајќи се на изјава на портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид.
-Талибанците нема да ја прифатат понудата на Кабул за поделба на власта и прекин на огнот. Нашата цел е да ставиме крај на странското мешање и да создадеме исламска влада во земјата, рече Муџахид. „Ќе бидеме подготвени за примирје доколку Кабул не е подготвен да се согласи со нашите барања, тогаш ќе ни биде лесно да ја продолжиме борбата и да наметнеме џихад“, додаде тој.

Авганистанскиот шеф на дипломатијата, Мохамад Ханиф Атмар, вчера потврди дека Кабул им понудил на талибанците договор за заедничко владеење. Во интервју за радоито „Ехото на Москва“, тој кажа дека владата инсистира идниот државен систем да го одредат луѓето од Авганистан врз основа на резултатите од слободното изразување на волјата. Атмар, исто така, нагласи дека Кабул ќе преземе акција за постигнување мир во земјата заедно со Руската Федерација, Централна Азија, европските сојузници, САД и целата меѓународна заедница.

Талибанците вчера соопштија за заземање на неколку од најголемите градови во земјата, вклучувајќи ги Кандахар и Херат.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан