Мицкоски до СДСМ: Приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи, најмалку е време за славење

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на обвинувањето од СДСМ, дека тој е заглавен во етнички поделби.

„Во време кога граѓаните едвај крај со крај врзуваат, илјадници ги загубија своите работни места, за само три и половина години го задолжија секое македонско семејство за фантастични 5200€, денес Македонија гори, воведуваат мерки како во средината на 20тиот век, криминалот и корупцијата се владиното заштитно име, Македонија е во првите пет според бројот на починати од корона и меѓу последните пет според бројот на вакцинирани, владините партнери одлучиле да потрошат 30.000.000 денари народни пари за прослава на Рамковниот договор. Рамковниот договор е завршена работа, а приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи. Наместо парите да ги пренаменат за други граѓански потреби, одлучиле да слават кога најмалку е време за славење“, одговори Мицкоски на соопштението од СДСМ.

„А во меѓувреме каква е реалноста? Гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово и после 4 години се уште не е реновирана. Нема ниту збор од канализацијата во Другово. Неколку километри автопат кон Косово и после година и половина не е мрднат од почетна точка. Исто болат солзите на мајката Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка, Србинка…, кога се разделува од сопственото чедо кое заминува во туѓина поради тоа што не добило шанса во Македонија и уште многу, многу порази…. Парадата ќе заврши, парите ќе се потрошат, коктелот ќе се испие, славењето ќе помине, а реалноста ќе остане, а таа реалност боли, пече поради неспособните политичари. Тие од Владата ќе продолжат да ме навредуваат со сиот гнев што го имаат кон мене, тоа го прават 4 години затоа што се уплашени, крајот доаѓа, а со крајот и одговорноста, но заедно со одговорноста нудиме чест, визија, многу работа и иднина. Вие, граѓаните за нешто повеќе од два месеци одлучувате во каква Македонија сакате да живеете“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар